ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од Нова година поскапа струја за околу 5%

Од први јануари за безмалку пет отсто ќе поскапи струјата доколку Регулаторната комисија за енергетика ги прифати сите трошоци кои ги доставија на увид енергетските компании. Дополнително, удел во растот на цената ќе има и поради зголеменото ДДВ на електричната енергија од пет на десет отсто. Новата цена важи за домаќинствата и малите компании.

Advertisements

„Регулаторната комисија за енергетика ги определува цените без ДДВ. Зголемувањето на ДДВ, за да бидеме прецизни до крај, на цената е 4,72 проценти. ДДВ-то се зголемува од пет на десет проценти, но влијание на краен трошок е 4,72 проценти“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Во однос на трошоците од МЕПСО, до регулаторот пристигнало барање за зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 30 отсто. На тендерот на ЕВН Хоум за набавка на струја за првите шест месеци од 2023 на кој единствен понудувач беше државната ЕСМ, беше понудена цена од 56 евра за мегават час.

„Она што е јасно е дека во делот на регулираниот пазар, за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата немаме потреба од увоз на електрична енергија и таа изнесува нула денари“, додава Бислимовски.

Во следниве неколку дена, а најдоцна до 31-ви месецов и официјално ќе се знае за колку ќе бидат повисоки трошоците на граѓаните за струја. Во периодот што следи остануваат четирите тарифни блокови, како и евтината струја по 22 часот до 7 наутро, како и преку целиот ден во неделите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button