РЕГИОН

Од обработени речиси 55 отсто гласови: ГЕРБ со 28, Трифонов со 19, БСП со 15%

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија објави дека при обработени 54,63% од гласовите, партијата ГЕРБ на Бојко Борисов освоила 24,88%, Таков народ има на Слави Трифонов – 18,74%, БСП 14,91%, Демократска Бугарија – 10,53%, МРФ – 8,99%, Исправи се! Излези! – 4,98%.

Advertisements

Под прагот од 4 отсто, кој е неопходен за влез во парламентот, се ВМРО со 3,55%, БНО со 3,14%, Преродба со 2,79% и патриотската коалиција „Вил – НФСБ“ – 2,44%.

Доколку конечните резултати не се разликуваат во голема мера со првичните, ова би значело дека ГЕРБ во новиот парламент ќе има значително помалку пратеници. На претходните избори владејачката партија освои 33,5 проценти од гласовите и имаше 95 пратенички мандати.

Во бугарскиот парламент има 240 места, па за формирање мнозинство се потребни најмалку 121 пратеник. Извесно е дека според актуелните бројки Борисов не би можел да формира влада само со досегашниот партнер, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button