ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од октомври поевтин роаминг со ЕУ, по 2028 целосно укинување

Најдоцна до 2028 година граѓаните на Македонија ќе почнат да плаќаат роаминг-услуги во државите од Европската Унија исто како да се дома или како што последниве две години е договорено со државите од Западен Балкан. Во овој неколку годишен период предвидено е постепено да се намалуваат цените на разговорите, СМС пораките и користењето на интернет низ државните од ЕУ. Освен за роаминг услугите, во вечерашниот Економски магазин на Алсат зборуваме и за воведувањето на 5-ЏИ мрежата, нерегулираниот интернет простор и изградбата на телекомуникациската кула на Водно.

Advertisements

„Точните бројки уште не се знаат, сè уште има преговори помеѓу операторите на Западен Балкан и операторите од Европска Унија. Добра волја има од двете страни и затоа се потпиша ова и првичното намалување на цените ќе биде од први октомври. Но, бидејќи е комерцијален договор, сè уште не ги знаеме точните броеви меѓу операторите“, вели Јетон Акику директор на АЕК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button