ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од општина Струга нема одговор, што со дрвениот “небезбеден” мост на Црн Дрим

Од општина Струга нема одговор, што со дрвениот “небезбеден” мост на Црн Дрим

Додека надлежните се решат да го решат проблемот, граѓаните на своја одговорност ќе се движат по дрвениот мост на реката Црн Дрим во Струга, кој е во лоша состојба и истиот е небезбеден за користење. Општина Струга засега молчи и не презема ништо за негова санација иако бројни туристи го користат секојдневно. Од Центарот за управување со кризи уште на 24 јуни, по добиена пријава од граѓани, извршиле увид на мостот, но велат дека немаат надлежност да утврдуваат безбедност, начин и постапка на извршување на градежните работи, како и дозвола за санација. За состојбата веднаш ја известиле општината.

Advertisements

„Изестувањето е испратено телефонски и преку електронска пошта на адреса на одговорното лице од Единица на локална самоуправа Струга. Од тој момент РЦУК нема други повратни соодветни информации од општината. Според јавувачот, во летната сезона мостот е повеќе фреквентен поради туристи и истиот се плаши дека може да настане негово паѓање, а со тоа и последици од паѓање или повреда на луѓе од истиот“, велат од Центар за управување со кризи.

Во петокот, група граѓани како што Алсат информираше го поправаа мостот, ги заменуваа старите и дотраени даски, кои на многу места се трули и пропаѓат. Алармираат дека целокупната конструкција на мостот е во лоша состојба.

„Ова е навистина алармантно. Станува збор за општа опасност, која што само прашање на време е кога ќе земе некоја жртва, а повредени има многу. Ова е дело на негрижа. Незнам во чија надлежност е. Но штом припаѓа на Општина Струга, сигурно не треба Општина Дебар да го поправа“, рече Коста Хиохи-граѓанин.

„Нашата првична идеја беше да го санираме мостот со што ќе поставиме штици за да се обезбеди пристап и премин до мостот, но она што го видовме, за да видиме што треба да се сработи, е дека се работи за еден посериозен проблем, односно веќе можеме да видиме дека самата конструкција на мостот почнува да затрулува и тоа претставува еден конструкциски проблем„, рече Глигорие Ќатоски-граѓански активист.

Тие ги повикуваат надлежните општински власти под итно да ја проценат безбедноста на мостот. Прашавме во Општина Струга дали и кога ќе преземат мерки и дали планираат затворање на мостот, но одговор не добивме. Твредат дека до нив не е стигнато ништо од Центарот за управување со кризи. Првиот дрвен мост во Струга бил изграден 1987 година, но во 2011 година беше срушен поради небезбедност и повторно изграден 2016 година.Со години на стариот мост стоеше табла Забрането преминување преку мостот./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button