ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од победничката коалиција во Бугарија не му кажаа на Радев што планираат со Македонија

Fatlume Dervishi

Advertisements

Бугарија е блиску до формирање на нова влада по третите избори годинава. Лидерот на победничката партија Кирил Петков не прецизираше конкретни рокови, но верува дека наскоро ќе го претстави владиниот кабинет составен од четири партии. Бугарскиот претседател Румен Радев бара од победничките партии да го соопштат својот став за спорот со С. Македонија. Како што јави МИА, двајцата лидери на партијата „Продолжуваме со промените“, Кирил Петков и Асен Василев биле прашани за мислење за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, идентитетот, историјата и културата во Македонија. Како што пишува МИА, двајцата лидери јавно не му го кажале ставот на Радев.

„Довербата на бугарските граѓани не се подарува и таа мора да се заштити.“

Во меѓувреме, специјалниот пратеник Владо Бучковски денеска престојува во Софија на форум за Западен Балкан на кој присуствуваат и европратеникот Илхан Ќучук и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Ќучук на друга конференција пред еден ден изјави дека ЕУ треба да одлучи дали ќе продолжи да биде политичка унија или ќе има за цел да го подобрува животот на граѓаните.

„Треба да се реши процесот меѓу Бугарија и Северна Македонија, да се исполнат точките од Договорот за да се прекине блокадата кон Северна Македонија.“

Позицијата на Бугарија кон Скопје засега е непроменета, односно не дозволува почеток на преговорите со ЕУ без да се исполнат нејзините предуслови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button