Од почетокот на годинава, во Тетово имало 400 пожарникари
Од почетокот на годинава, во Тетово имало 400 пожарникари

Зголемувањето на температурите го зголеми бројот на пожари. Од почетокот на годинава, противпожарната единица во Тетово евидентирала над 400 пожари. За разлика од лани, бројката е зголемена за околу 100 интервенции. Ова ги загрижи пожарникарите кои работат со недоволен број на пожарникари. За Тетово и петте рурални општини се грижи само една противпожарна единица. العاب مراهنات
„Во споредба со минатата година кога имавме 646 интервенции, годинава досега сме имале 403 интервенции. Значи споредено со лани, во руралните општини имаме зголемување на пожарите на отворени простори. ماكينات القمار على الانترنت Познато е дека покриваме многу голема територија, односно околу 350.000 жители, а интервенираме и во пет рурални општини додека имаме недостиг од луѓе. العاب كازينو مجاني Знаете нормите велат дека треба да има по еден пожарникар на секои 1000 жители, затоа апелирам до жителите да внимаваат бидејќи во Тетово има околу 76 пожарникари, а уште толку луѓе се потребни за да се задоволат потребите на сите општини“, изјави Авни Амети – Командант на ППЕ Тетово.
По забраната за движење во планините, Секторот за внатрешни работи Тетово ги зголеми и контролите.
„Казната за предизвикување пожар или пожар во природа, е од 200 до 500 евра, а доколку пожарот има поголеми размери со материјална штета или жртви, тогаш се работи за кривично дело и се казнуваат со затвор од една до осум години“, рече Фатмир Реџепи – Портпаролот на СВР Тетово.
Минатата година во Секторот за внатрешни работи Тетово се евидентирани десет случаи на намерно подметнати пожари./Alsat.mk
Башким Сулејмани