ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од попладнево бесплатен јавен превоз во Скопје

Од попладнево бесплатен јавен превоз во Скопје

Поради раздвижувањето на атмосферата Гостивар, Кичево и Кавадарци денеска беа симнати од листата на најзагадени градови во земјава. Но, Скопје, Струмица и Битола и понатаму имаат енормно загаден воздух. Поради тоа, во Скопје се активира бесплатниот јавен превоз. За долгорочно решение на проблемот треба да се изгради гасификациската мрежа.

Advertisements

„Биомасата е најголемата причина за загадувањето од 35 до 40% во Град Скопје, потоа возилата, најстарите, а потоа доаѓа градежниот сектор. Кога зборуваме за биомаса, тоа не се однесува само на куќи, туку и на државни и општински или локални објекти. Побаравме промена на начинот на греење во училиштата, градинките, болниците и полициските станици. Разбирам дека некои имаат потешкотии затоа што сме во економска криза, но треба да внимаваат затоа што ако користиме материјали кои се канцерогени, пред сè го загадуваме нашето семејство“, изјави Насер Нуредини-министер за животна средина.

Од Инспекторатот за животна средина велат дека немаат начин како да ги контролираат домаќинствата, бидејќи можат да влезат во приватни имоти само откако ќе добијат судски налог. Во текот на последните неколку месеци биле извршени повеќе контроли и санкционирани  физички лица кои имале пластичен отпад или гуми во дворовите. Вредноста на глобата за физичко лице изнесува 250 евра.

Во градовите каде што е надминат прагот на загадување, од Владата препорачаа да се ослободат од работа бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните без разлика на возраста. Фирмите кои извршуваат активности на отворено, треба да го преуредат распоредот за работа и нивните вработени надвор да престојуваат од 11 до 17 часот./Алсат.мк

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button