ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Од сабота во 18 часот до 5 часот во недела бесплатен превоз на ЈСП за „Бела ноќ“

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје денеска соопшти дека ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.
Па така, право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани од 18 часот во сабота (1 октомври) до 5 часот во недела (2 октомври).
„Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје“, додаваат од ЈСП.