ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од СДСМ бараат да се спроведе истрага за смртта на 47 годишната пациентката со леукемија и корона

Од СДСМ бараат да се спроведе истрага за смртта на 47 годишната пациентката со леукемија и корона

Министерот за здравство Арбен Таравари тврди дека на пациентката која го загуби животот вчера и беше заразена со Ковид , и е укажан потребниот третман според сите протоколи, е за овој случај тој уверува дека нема лекарска грешка. Тој вели дека пациентката била со акутна леукемија, а за тоа која е главната причина за нејзината смрт, рече дека треба да се чека конечниот извештај.

Advertisements

“За пациентката се повикани и консултирани анестезиолог и инфектолог и дадени се предлози за терапија. Треба дефинитивно да дознаеме од што починала пациентката. Знам дека во последните неколку дена повторно примала терапија , што обично е тежок период по примањето на терапијата. Сепак, нема лекарска грешка, за ова гарантирам дека пациентката е третирана според сите протоколи, гарантирам дека и е понуден целосен третман, ова е сигурно”, рече Арбен Таравари, министер за здравство.

И денес СДСМ бара истрага и одговорност за смртта на пациентот, кој според нив не бил примен на интензивна нега.

Пациентката која почина вчера беше на 47 годишна возраст./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button