Од септември во 124 основни и средни училишта низ државата наставата ќе се изведува во една смена
Од септември во 124 основни и средни училишта низ државата наставата ќе се изведува во една смена

По пет децении работа во две смени, охридската гимназија Свети Климент Охридски од септември стартува со настава во една смена. Пред носење на ваквата одлука била спроведена анкета меѓу родителите и учениците, од кои поголемиот дел одговориле позитивно дека се за таков вид на настава, Анализите покажале дека со ова ќе заштедат и на електрична енерија до 40 %.
„Се случуваше по распоред математика, физика, биологија, хемија по појтешките предмети, учениците да бидат испрашувани или да бидат предавани најтешките лекции во 19 часот навечер.Тоа дете сигурно нема капацитет. Денот му почнува наутро со тие приватни школи,потоа продолжува овде и завршува во 19 часот со физика за Њутунов закон и друго. По сите тие сондажи кои ги направивме многу поквалитетно ќе е образованието и начинот на понаташмошното работење на тие деца кога ќе продожат на факултет“, рече Светлана Велковска-директорка.
Сето ова не е резултат на намалувањето на бројот на ученици последните неколку години, со кои се соочува училиштето.
„Доколку имавте поголем број на ученици ќе можевте ли ова да го реализирате? Ќе можеше секако.Дај боже да имаме поголем број, спремни сме на тоа, бидејки тие ротираат во кабинети. Мислам дека и на психолошкиот развој на децата многу подобро ќе влијае, бидејки друго е кога тие ќе дојдат во 8 часот и ќе завршат во 13 и 30 или 14 часот“, нагласи Светлана Велковска-директорка.
Дополнително оспособиле за настава уште 5 кабинети со што просторно ќе ги искористат капацитети на гимназијата, а училиштето ќе биде слободно во попладневните часови за изведување на вон наставни активности.Но директорката на струшката Гимназија, Ибраим Темо, Бесими Јонузи вели дека тие немаат доволно простории за изведување на едносменска настава, поради големиот број на паралелки и наставата која се изведува на три јазици.
„Идејата за едносменско работење е позитивна, но за тоа немаме доволно услови.Без помош од министерството за образование, за изградба на дополнителени простории, ова не би можеле да го спроведеме“, рече Бесиме Јонузи- директорка на гимназиај Ибраим Темо, Струга.
Од септември во 124 основни и средни училишта низ државата наставата ќе се изведува во една смена. Министерката за образование, Весна Јаневска очекува дека во догледно време уште педесеттина училишта со доградба на една до пет училници да започнат со едносменска настава. Ова за министерството ќе биде периоритет, за во наредните неколку години сите училишта во државата бидат прилагодени за таков вид на настава./Алсат.мк
Мики Трајковски