ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15 620 матуранти

За помалку од еден месец, 27 мај, 15 620 средношколци кои се пријавиле да полагаат државна матура треба да бидат тестирани по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература. Завршниот испит ќе биде неизвесен доколку повеќе од една недела трае генералниот штрајк, кој вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го почнаа во вторникот.

Advertisements

Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари.  Измените на колективниот договор со кои би добиле линеарно покачување ги доставиле до Министерството за финансии од кое бараат согласност.

Синдикалната организација на ДИЦ соопшти дека ги стопира сите процеси што се во надлежност на Центарот – покрај организацијата на претстојната државна матура, овие вработени ги подготвуваат и меѓународните тестирања, обуката и испитот за директори на училишта, приправничките испити за сите наставници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button