ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од следната недела, матичните лекари ќе издадат „зелен пасош“

Од следната недела, матичните лекари ќе издадат „зелен пасош“ или електронски код (QR-код) кој ќе им служи на граѓаните кои сакаат да патуваат во странство.  Електронскиот код ќе содржи податоци за вакцинација, PCR тест и антитела како доказ дека лицето ја поминала инфекцијата. Овој пасош ќе ги исполни сите параметри кои ги бараат европските земји. Во врска со тоа дали сите земји на Европа и светот ќе ги прифатат вакцините со кои се имунизираат граѓаните на Македонија, министерот за здравство рече дека сè уште е тешко да се каже за конечен став бидејќи постојат разлики во ставовите од државите на ЕУ .

Advertisements

Најновата препорака на националниот комитет за имунизација е дека граѓаните можат да се вакцинираат еден месец откако ќе го поминат вирусот, но вакцинацијата треба да биде во две дози.

Во моментов достапни се кинески вакцини Синофарм, Фајзер и Астра Зенека. Освен Astra & Zeneca со која  втората доза треба да се земе после  3 месеци, за другите вакцини втората доза се дава 21 ден по приемот на првата доза. Досега се вакцинирани околу 200.000 граѓани од вкупно 400.000 пријавени.

 

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button