Од следната недела се очекува намалување на бројот на заразени со грип

Мало намалување на случаите на сезонски грип кај децата. Лекарите велат дека во последните два дена забележале намалување во однос на минатата недела, додека поизразено намалување очекуваат во текот на наредната недела. Директорот на Детската болница во Козле, Бесник Зеќири, вели дека најчести компликации од грипот се акутниот бронхитис и бронхио литисот, додека најпогодена возрасна група е 0-3 години.
„Последните два дена, вчера и денеска, се чини дека е намален бројот на мали пациенти кои доаѓаат во нашата установа. Бројката е меѓу 150 случаи дневно, значи меѓу 120-150 случаи дневно бидејќи минатата недела бројките беа меѓу 150-200 случаи дневно. Во нашата болница во моментов се лекуваат 63 деца со главни проблеми како затнат нос или течење, главоболки и кашлица кои се многу изразени, како и многу високи температури кај малите кои доаѓаат дехидрирани“, рече Бесник Зеќири, директор на болницата Козле.
Родителите се жалат на продолжени симптоми кај децата, особено на кашлање.
„Дојдовме од Прилеп, по упатство на матичниот лекар, откако синот имаше кашлица една недела…“
„Има кашлица, само кашлица, нема други симптоми, веќе скоро една недела“, велат родителите.
Доколку симптомите на грип не исчезнат за неколку дена дома, лекарите препорачуваат децата да бидат донесени во амбуланта.
„Сите топли исхрани или течности во овој период се добредојдени за децата, различни чаеви треба да се подготвуваат онолку колку што има течности во дневното мени и храна приготвена дома, а не храна од надвор, да се користат и зимските овошја како портокали или мандарини кои имаат природни витамини“, додава Бесник Зеќири, директор на болницата во Козле.
Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје се забележува дека во сезоната на грип вкупниот број заболени е 930. Споредено со истиот период претходната сезона, бројот на случаи е помал за 45,7%. Најголем број заболени (199) има во регионот на Тетово. Досега со вакцини за сезонски грип се имунизирани околу 60.000 граѓани.
Вјолца Алити