ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од Уставен денеска без коментар врз основа на кој закон си доделија по 500 евра

Сите креваат раменици и никој не објаснува од каде и дали Уставниот суд има буџет да даде дополнителни 500 евра на секој судија посебно. Иако прашавме во Министерството за финансии, детално, по која ставка и по кој основ ќе се најдат пари за овие додатоци, оттаму ни го испратија овој одговор:

Advertisements

„Уставниот суд, како посебен уставен орган, располага со Буџет со којшто самостојно управува и одговара“, наведоа од министерството за финансии.

Сите надлежни институции се без одговор околу тоа дали има законската основа Уставен да ги исплаќа овие додатоци. Ниту Владата, ниту министерствата за правда и за финансии немаат конкретен одговор како Деловникот за работа во Судот стана Закон кој се објави во Службен Весник. Од Уставен наместо да образложат, решија да се пресметуваат со медиумите.

Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати и денеска е недостапен за новинарите, откако вчера искритикува дека став од судот е побаран по објавата дека си доделиле додаток на плати од 35 проценти. Сепак, молкот од судот продолжи и денеска.

Од Уставен без појаснување зошто нема законско решение за дотатоците на плата, туку тие се доделени преку Деловникот. Остана нејасно зошто устевен судија зема 2.000 евра плата од народни пари во здравствена и економска криза. Според Сниндикатот на правосуднигте органи, УПОЗ, уставните судии со додатоците на плата преку Деловник за работа на судот го кршат Законот. Велат дека платата се уредува со Закон или колективен договор.

„За нас е неосновано тврдењето на Уставниот суд дека додаток на плата може да се утврди со Деловник за работа. Синдикатот на УПОЗ е апслоутно против ваквиот начин на пострапување на Уставниот суд“, реагираат од УПОЗ.

И Антикорупциската комисија која ја следи постапката на уставните судии се изјасни дека преку Деловник за работа не се исплаќа додаток на плата.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button