ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од утре 14% поскапо парно, БЕГ има гас само за половина јануари

Од утре поскапува парното греење за 14 отсто. Во Новата година скопјани ги чека нов ценовен удар. Не само корисниците на Балкан енерџи груп, зголемени сметки за парно ќе имаат и граѓаните кои се приклучени на топланите Скопје Север и ЕЛЕМ Енергетика. Одлуката не била лесна вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, и додава дека ова е цена под која не можело да се оди бидејќи основната суровина за производство на топлинска енергија – природниот гас во моментов на берзите се продава  пет пати поскапо во однос на ланската година.

Advertisements

„Вкупниот трошок за природен гас за месец јануари изнесува 13,8 милиони евра. Ние со оваа наша одлука признаваме трошок од околу четири милиони евра. Тоа значи дека постои разлика од девет милиони евра кои што треба да се покријат. Цената на природниот гас која што е моментов и која БЕГ ја има доставено до регулаторна е 1480 долари за нормален метар кубен. Со оваа цена на природниот гас, цената на топлинската енергија би се зголемила за околу 190 проценти“, рече Бислимовски.

ЕЛЕМ Енергетика и топланата Скопје Север имаат набавено природен гас од Макпетрол, но според информациите од регулаторна, најголемата компанија во бизнисот со парно греење Балкан енерџи груп има гас само за половина месец, за останатиот период нема пари. Беслимовски ја повика Владата, Градот Скопје и останатите инволвирани да се ангажираат и да се соберат пари за граѓаните на Скопје да не останат со ладни домови. Балкан енерџи груп има повеќе од 60 илјади корисници.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button