МАКЕДОНИЈА
Од утре до недела во портокалова фаза: Многу топло време и температури над 40°C

Од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40°. И во Скопското подрачје, дневната температура ќе биде околу 40 степени.
Во недела, кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.