ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре изменет сообраќаен режим на дел од автобуските линии

Поради градежни зафати и затворање на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од кружниот тек до крстосницата со булевар „Св.Климент Охридски“, линиите 4А, 5 и 5А од утре ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Додека, во Кисела Вода, поради затворањето на улица „Димо Хаџи Димов“, од вкрстувањето со улица „Божидар Аџија“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, на која ќе се изведуваат градежни работи, изменет сообраќаен режим од утре ќе има и линијата 24.

Како што информираат од Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје, затворањето на улицата ќе се одвива фазно.

Во првата фаза, ќе бидат затворени само сообраќајните ленти во правец кон Ѓорче Петров. Во таа фаза, возилата од центар, од улица „Димитрие Чуповски“, ќе вртат лево по булевар „Св.Климент Охридски“, кај Дом на печат ќе вртат десно по улица „Св.Кирилј и Методиј“, па на кружниот тек ќе продолжуваат по своите редовни траси.

При посочениот режим, како времена автобуска постојка во правец кон Ѓорче Петров, ќе се користи просторот кај металните косини на тротоарот кај АМСМ.

Во втората фаза, ќе бидат затворени сообраќајните ленти од кружниот тек кон централното градско подрачје.

Во таа фаза, возилата од кружниот тек ќе продолжуваат по улица „Св.Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Св. Климент Охридски“, потоа ќе продолжуваат по улица „Димитрие Чуповски“ по своите редовни траси.

При посочениот режим, како времена автобуска постојка ќе биде делот после крстосницата со улица „Народен фронт“, односно третата канделабра после крстосницата.

Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, сè до завршување на градежните работи на улицата која е дел од редовната траса на линиите 4А, 5 и 5А

Линијата 24 во реонот на Кисела Вода поради затворањето на улица „Димо Хаџи Димов“, од вкрстувањето со улица „Божидар Аџија“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, на која ќе се изведуваат градежни работи, исто така, од утре ќе има изменет сообраќаен режим.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button