ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Од утре поевтини горива, ова се новите цени

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 81,00 ден/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување
на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со
тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит.