ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Усвоени препораките – Од утре полицискиот час почнува од 20:00 часот, клуч на фитнес центрите, кафеаните…

Владата ги усвои препораките од Главниот кризен штаб за заострување на анти ковид мерките, а ги објавија премиерот Зоран Заев, министерот за здравство, Венко Филипче и заменик министерот за здравство, Илир Хасани

Од утре па сѐ до 20 април полицискиот час ќе трае од 20:00 часот до 05:00 часот следниот ден, а угостителските објекти нема да работат од среда, па сѐ до 20 април. Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Advertisements

Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

Дополнително, од утре, до 20 април се забранува и работата на фитнес центрите и салите за вежбање.

Министерот за здравство рече дека бројот на заболенни и хоспитализирани се зголемува и оти престојните празници би можело дополнително да влијаат на притисокот врз здравствениот систем.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button