
По деновите со високи температури кои достигнуваа до 33 степени следуваа промена на времето. Од утре температурите ќе се намалат за два степени, а за викедов синоптичарите прогонозираат поголем пад на температурите, врнежи од дожд, грмежи и локален град.
„Во деновите од викендот, тогаш веќе дневната температура во однос на оваа што ќе ја имаме денес ќе биде за пет до шест степени пониска, во интервал од 16 до 22-23 степени. Но се уште ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд,нестабилно локално во форма на невреме. Ќе имаме поинтензиви процеси со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, засилен ветер и изолирана појава на град“, рече Јулијана Фиданоска Мишкоска – Синоптичар.
Синоптичарите најавуваат стабилизирање на времето и враќање во нормала со сончеви денови од следната недела./Алсат.мк
Ангел Димовски