
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/литар и ќе изнесува 80,00 ден/литар.