ЕКОНОМИЈА

Од утре поскапи горива! Регулаторна го објави новиот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат во просек за 3,11%.

Advertisements

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос
на малопродажната цена утврдена со одлуката од 09.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката од 09.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button