ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Од утре поскапува бензинот, Регулаторна го објави новиот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од утре малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/литар и со тоа неговата малопродажна цена ќе изнесува 86,00 ден/литар.

Advertisements

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 денари, и ќе се точи по цена од 88,50 ден/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)
и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button