ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Од утре поскапуваат бензините и дизелот, објавен новиот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/литар. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,50
ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, 84,00 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден. и ќе изнесува 84,00 ден/литар.