Од утре се очекува нормализација на авиосообраќајот во земјава

Нормализирањето на воздушниот сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се очекува од утре. За разлика од вчера кога дел од авионите беа пренасочени на аеродромот во Приштина, денеска и покрај маглата авиони слетуваа на меѓународниот аеродром Скопје. Маглата зафати голем дел од територијата на државата и според Управата за хидрометеоролошки работи следните денови ќе биде појасно, но магла ќе има и понатаму.
Автомото сојузот на Македонија ги повикува возачите да не ја надминуваат дозволената брзина и да бидат внимателни на места каде што има опасност од одрони.
„Сообраќајот се одвива во влажни коловози додека на некои поради магла има намалена видливост. На патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Катланово, Кочан – Штип има појава на магла каде видливоста е од 50 до 100 метри, додека во Тетово – Групчин до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патиштата надвор од градските средини е просечен. АМСМ препорачува да не се пречекорува брзината на движење, да има почитување и внимателно управување со возилата, особено на патните правци низ речните долини и клисурите, каде што има можност за одрони“, апелираат од АМСМ.
Покрај магла, со висока загаденост на воздухот се соочуваат и Гостивар, Кичево, Тетово и Прилеп, а по нив е главниот град.
ПM10/M3:
Кичево 194,573 мг/м3
Тетово 145,89 мг/м3
Прилеп 129,57 мг/м3
Гостивар 124,9 мг/м3
Скопје Центар 99,76 мг/м3
Еви Шкопи