ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре сончево со мала облачност, врнежи од дожд во сабота

Од утре сончево со мала облачност, врнежи од дожд во сабота

Од утре времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми. Ќе дува слаб променлив ветер. Нови врнежи од дожд се очекуваат во сабота, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Advertisements

Во Скопје утре времето ќе биде сончево со мала до умеренa облачност.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а дневните од 13 до 20 степени. Во Скопје утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 17 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button