ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Од утре увид во Избирачкиот список

Сите граѓани на земјава над 18 години од утре до 18 март ќе можат да ги проверат своите податоци во избирачкиот список. Освен во канцелариите на Државната изборна комисија, тоа може да се провери и електронски на веб-страницата на оваа институција. Право на глас имаат сите полнолетни граѓани и оние кои до денот на гласањето ќе наполнат 18 години и кои имаат важечки документ за идентификација. Право на глас имаат граѓаните на кои важноста на некој од документите им истекува и на денот на изборите.