ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од утре задолжително зимска опрема во возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември до 15 март, задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во возилата.
Мерката е согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, велат од МВР.
-Апелираме до граѓаните да се придржуваме кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, апелираат од МВР.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button