ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од вечерва започнува летното сметање на времето, стрелките одат еден час напред

Од вечерва започнува летното сметање на времето, стрелките одат еден час напред

Стрелките на часовникот во 2 часот по полноќ ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 3 часот. Со тоа почнува летното сметање на времето кое ќе трае до 26 октомври во 3 часот по полноќ кога стрелките ќе се вратат еден час наназад.

Advertisements

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Летно и зимско сметање на времето првпат е воведено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, заради заштеда на енергија.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button