Од ВЛЕН најавија дебата за следната недела, за законот што ќе го замени Балансерот
Од ВЛЕН најавија дебата за следната недела, за законот што ќе го замени Балансерот

Новото законско решение за правична застапеност кое треба да го замени балансерот, кое веќе е укинато од Уставниот суд според премиерот Христијан Мицкоски, треба да биде во согласност со Уставот, а пред да биде одобрено треба да биде испратено на мислење до Венецијанската комисија. Тој изјави дека е информиран и се координира со ВЛЕН за нацртот на новиот закон.
На прашањето дали опозициската ДУИ ќе ја искористи ситуацијата за да предизвика дестабилизација, Мицкоски рече дека ДУИ зборува против себе затоа што додека биле на власт предложиле да се укине балансерот.
Арбен Таравари од ВЛЕН денеска најави дека од следната недела ќе се отвори дебата за новиот закон.
Инаку, укинувањето на балансерот предизвика политички реакции во земјата. Уставниот судија Осман Кадриу во изјава за Алсат изрази сомнеж за политичкото влијание во однос на укинувањето на балансерот, притоа препорачувајќи дека излез од оваа состојба е донесувањето на новиот закон за правична застапеност. Народниот правобранител Насер Зибери одлуката ја нарече политичка и штетна за сите немнозински заедници./Aлсат.мк
Суад Бајрами