ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека Таравари е уценет, од Алијанса велат Владата е во невоља

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти премиерот Христијан Мицкоски да предложи нови кадри за позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијанса за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција. ВМРО-ДПМНЕ оценува дека заминувањето на Таравари од коалицијата е направено затоа што нејзиниот лидер, според нив, е уценет.

Advertisements

Од Алијанса за Албанците ги нарекува обвинувањата клевета.

„Алијанса за Албанците внимателно ги следеше коментарите на ВМРО ДПМНЕ против нашата партија и нејзиниот лидер. Се очекува во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има најапсурдни клевети. Ние сме фокусирани на нашата работа кон октомвриската победа и не сакаме да го оптоваруваме ВМРО, кое во моментов има доволно проблеми, со никакви навреди или обвинувања“, велат од Алијанса.

Алијанса го оправда и поддржа своето отстапување од Владата по етнички прашања, повикувајќи се на Балансерот, но и на законот за правична застапеност и вработување во институциите по етничка припадност. Сепак, суштината на конфликтот што заврши со разделба првично од ВЛЕН, а потоа и од Владата, е комуникацијата на Арбен Таравари со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за која прво рече дека имало само еден телефонски разговор, а на крајот се испостави дека се сретнале тајно 3 пати.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button