ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Од здружението „Храбро срце“ бараат ослободување од партиципација за лицата со вградена механичка потпора

Од здружението „Храбро срце“ бараат ослободување од партиципација за лицата со вградена механичка потпора

Наместо министерот за здравство во заминување, Илир Демири да предизвикува кризи во здравството со разрешување на директорот на  државната клиника за кардиохирургија и раководителот на тимот за срцеви трансплантации, подобро беше да ги имплементира веќе донесените одлуки од страна на владата уште во јануари годинава, за ослободување од плаќање партиципација за здравствени услуги за лицата со вградена механичка циркулаторна потпора на срце, реагираат од здружението Храбро срце.

„Прекинувањето на договорот со лидерот за срцева трансплантација значи уништување на цела програма која добро се разви изминатиот период. Исто така честото разрешување на директори на државната клиника за кардиохирургија значи и директен удар врз пациентите кои чекаат како единствена шанса трансплантација за да преживеат.Ние постојано се трудиме да дојдеме до она што за нас живот значи до трансплантација.Пред се ќе трпиме ние што сме најзагрозени пациенти“, изјави Васко Јолески-претседател на Храбро срце.

На клиниките овие лица се уште плаќаат високи суми за промена на батерии, сервисирање на уредот, за испитувања, а користат лекарства стари десеттина години. Од Храбро срце апелираат до надлежните да ги земат во предвид нивните барања и конечно да се случи првата трансплантација на срце на пациент со механичка потпора. Од триесеттина, четворица од нив се со две вградени пумпи, по една на двете срцеви комори.

„Кој што се и најзагрозени во случајот, а и голем е бројот на пациенти кои сме со една пумпа, а сме предлго време на листа за трансплантација и се уште не е направена трансплантација на лице со пумпа.Тешкотиите се се почести и ние постојано сме во полутешка ситуација, каде чуствуваме тешко дишење и тешко се движиме“, рече Васко Јолески-претседател на Храбро срце,

Апелираат до идната влада да им посвети поголемо внимание, како што е случајот насекаде низ Европа, но и да отпочне со реформи во државното здравство преку вложување во инфраструктурно подобрување и современа опрема за докторите да можат да си ја работат  својата работа.Од министерството здравство, две недели не одговараат на прашањата на Алсат, кога овие лица ќе бидат ослободени од партиципацијата и каде е пречката за тоа, иако уште во јануари излезе одлуката за тоа во Службен весник. /Alsat.mk

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button