ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбележан празникот Рамазан Бајрам

Одбележан празникот Рамазан Бајрам

Пораки за мир, здравје, просперитет, единство и разбирање денеска беа испратени за празникот Рамазан Бајрам.

Advertisements

Денот започна со Бајрамска молитва каде верниците ги посетија сите џамии низ земјата. Централната манифестација во Македонија се одржа во „Мустафа пашината“ џамија во Скопје.

Поглаварот на Исламската верска заедница, меѓу другото, побара единство за подобри услови за младите, со цел запирање на миграцијата.

„Од сите нас се бара да се потрудиме со нашите зборови, со нашите пораки, со нашите напори, заеднички да формираме услови на стабилен економски стандард за нашите луѓе, нашите луѓе од ова општество, да ја најдат иднината во земјата каде што се родиле и пораснале“, рече Шаќир Фетахи, поглавар на ИВЗ.

Веднаш по бајрамската молитва верниците се ракуваа и потоа се упатија кон своите домови. На празникот Бајрам, како и обично, се служи Бајрамски ручек, а потоа верниците ги посетуваат своите најблиски. Десертот кој никогаш не недостасува за овој празник е баклавата. Фитр Бајрам доаѓа по завршувањето на 30-дневниот пост во месецот Рамазан. Името на овој празник доаѓа од тоа што пред денот на Бајрам муслиманите делат милостина, се солидаризираат со сиромашните за заедно да го прослават овој празник./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button