МАКЕДОНИЈА

Одбележани 27 години од првите предавања на Универзитетот во Тетово

Универзитетот во Тетово денеска со неколку активности одбележа 27 години од првите предавања кои се одржале на 17 февруари во 1995 година во Порој и Мала Речица. Свечена академија се одржа во Ректоратот на Универезитетот при што беше промовирана Монографијата на Универзитетот во Тетово (1994/95-2004/2005).

Advertisements

Министерот за образование Јетон Шаќири, кој се обрати на академијата истакна дека како поранешен студент на Универзитетот во Тетово и денес како член на Владата се чувствува горд и среќен заради тоа што постои оваа образовна институција.

– Овој датум секогаш ќе биде важен, историски за албанското образование во Северна Македонија. Чест ми е што сум присутен денес тука и сакам на секој студент, на секој предавач, професор и вработен на Универзитетот во Тетово кој во овие 27 години даде придонес да се остварат идеалите на оние кои ја започнаа идејата и се жртвуваа себеси за да го остварат големиот и единствен сон за првиот албански универзитет во земјава кој овозможи развој на нашиот јазик, култура и образование, рече министерот Шаќири.

Тој воедно порача дека најдобрата инвестиција што може да се направи денес е влогот во квалитетно образование, како и дека напредокот на државата ќе зависи од тоа како ќе се едуцират младите луѓе.

Во јануари 2004 година Универзитетот во Тетово беше легализиран со усвојување на закон од страна на Собранието за основање на Државниот универзитет во Тетово. Наставата во оваа институција е главно на албански, како и на македонски и англиски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button