
Денеска се одбележуваат 29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Генералниот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина е потпишан на 21 ноември 1995 година, во американската воздухопловна база Рајт-Патерсон во близина на градот Дејтон.
Со ова заврши војната во Босна и Херцеговина по речиси четири години.
Дејтонскиот договор беше создаден за време на конференцијата што се одржа од 1 до 21 ноември 1995 година.
Врз основа на овој договор, Босна и Херцеговина се состои од два ентитета – Федерацијата БиХ и Република Српска и округот Брчко.