ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Одбиено барањето на Косово за посета на осудените за „Диво насеље“

Македонија го одби барањето од Косово за посета на осудените за случајот „Диво насеље“. Барањето било спротивно на законите, кои дозволуваат посета на затворот од страна на конзуларни претставници, но не и на владини претставници на странска држава. По оваа одлука на Управата за извршување на санкции, косовскиот заменик-министер за правда, Блерим Салаху, утре нема да може да ги посети во „Идризово“ затворените косовски државјани кои се осудени во случајот. „Доколку барање испрати косовската амбасада во Скопје за нивен претставник да ги посети осудениците, тоа барање ќе биде дополнително разгледано“, наведоа од Управата за санкции.