СПОРТ

Одбојкарите ги добија ривалите, првиот турнир на Златната лига е во Словачка

Македонската машка одбојкарска репрезентација ќе биде меѓу 12-те национални тима што ќе се натпреваруваат во ЦЕВ Златната Европска лига 2025, во која ќе настапат уште и тимовите на Чешка, Португалија, Романија, Финска, Хрватска, Грција, Шпанија, Летонија, Словачка, Црна Гора и Израел.

Advertisements

Ова ќе биде трета последователна година на Македонија во ова престижно континентално натпреварување, во кое нашите одбојкари ќе одиграат шест натпревари според швајцарскиот систем, што вклучува три турнири, каде секоја репрезентација ќе биде домаќин на по еден.

Првиот турнир е во Словачка (6-8 јуни), каде што Македонија ќе се сретне со Финска и со Словачка. Вториот турнир е во Летонија (13-15 јуни), каде што Македонија ќе се соочи со Летонија и со Грција. Третиот турнир, пак, ќе се одржи во Македонија (20-22 јуни), ќе ни ги донесе Израел и Црна Гора како противници.

По овие натпревари, ќе се формира заедничка табела, а првите четири селекции ќе обезбедат место на финалниот турнир, кој е закажан за периодот од 4 до 6 јули. Ако домаќинот на финалниот турнир не е меѓу најдобрите четири, ќе му биде обезбедено место на завршниот викенд. Македонската репрезентација од 2014 година редовно учествува во ЦЕВ натпреварувањата, освојувајќи четири бронзени и два сребрени медали.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button