ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбраната на Мерко бара изземање на судијката

Одбраната на Мерко бара изземање на судијката

Судот денес не го прифати барањето на адвокатот на Мерко, обвинението за набавката на луксузното ауди А6 и на три други возила да се отфрли, затоа што поминале 5 години од дејствието.

Advertisements

„Мојата одлука е одбивање на приговорот за релативна застареност, бидејќи настанал прекин.Јас сметам дека сум непристрасна и дека постапувам аполутно совесно и согласно закон“, рече Надица Митревска- судија.

Поради ваквата одлука, адвокатот на Мерко, побара иземање на судијката. Сметаат дека бил повреден членот 5 од Законот за кривична постапка на штета на обинетиот, кој го гарантира правото на правично судење.

„Судечкиот судија уште од почетокот на овој предмет ги крши правата на обинетиот, што доживеа кулминација на денешното рочиште, бидејки истиот судија донесе одлука врз основа на доказ кој Обвинителството го достави на самото судење без да биде истиот доставен до одбраната да се запознае и произнесе по истиот. Судијата во рок од 1 минута го проучи овој доказ, кој остана непознат за одбраната и донесе одлука судењето да продолжи, со што го одби приговорот на одбраната за застареност на кривичното дело“, рече Игор Петковски-адвокат на Мерко.

„Барањето за иземање е законско право, ако странката смета дека има простор.Во овој момент ќе се чека одлука на претседателот на Основен суд Струга во однос на поднесеното барање, а одбраната во 24 часа ќе поднесе предлог детален зошто бара мое иземање“, додаде Надица Митревска- судија.

Во обвинителниот предлог стои дека спротивно на начелата на законитост и интегритет, како и во спротивност на јавниот интерес, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро сметка, обвинетиот набавил четири моторни возила во вредност од 114.000 евра, со што прибавил имотна корист за носителот на јавната набавка. Од Јавното обвинителство за Алсат рекоа дека против Мерко во моментот активни се седум обвиненија, и оти ниту едно не е застарено./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button