ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбраната на Мерко бара судот да го отрфрли обвинението поради застареност

Одбраната на Мерко бара судот да го отрфрли обвинението поради застареност

Судското рочиште за нававката на луксузното ауди А6 и уште три други автомобили во кој е обвинет Рамиз Мерко, денес беше одложено. Одбраната на Мерко побара обвинението да биде укинато поради застареност, додека судот побара време за да утврди дали е тоа така.

Advertisements

Ќе куртули ли Рамиз Мерко или не, од можно обвинени за набавката на луксузното ауди А6 од 70000 евра и уште три други автомобили за општинските потреби во вкупна вредност од 114.000 евра, ќе се знае на 2 септември. На денешното судско рочиште одбраната на Мерко побара да се укине, односно да се отфрли обвинителниот предлог за ова дело, бидејки бил застарен, односно поминале 5 години, откако се случило дејствието.

„Во превод, ова обвинение не требало да доживее судење, не пак како сега да се води активсна судска постапка во којаа ќе се презематѕ било какви дејствија од учесниците во истата“, рече Игор Петковски- адвокат на Рамиз Мерко.

Петковски вели дека обвинителниот предлог од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал е поднесен на 28.02.2024 година до Основниот кривичен суд Скопје, со кој обвинетиот се товари за дејствија од 2018 година,што значи изминале повеќе од 5 години. Затоа Судот денес побара одлагање на рочиштето, за да се утврди дали е тоа така.

„Одбраната и Јавното обвинителство истакнаа предлози по кои судот мора да провери, особено по однос на предлогот на одбраната со кој што бара Судот да донесе решение во поглед на тоа дека е застапена застареност на кривичното гонење“, нагласи Надица Митревска..

Денес требаше да бидат сослушани десеттина сведоци кои претходно ги предложи одбраната. Јавниот обвинител пак во однос на предложените докази од 3 јуни 2024 година на одбраната рече дека судот треба да ги одбие бидејќи се нејасни и нецелосни, кои значително влијаеле на одложување на постапката,а фактите не биле релевантни. Обвинителот оспори и дел од доказите, како и вештиот наод и мислење од вештиот советник. Во обвинителниот предлог стои дека спротивно на начелата на законитост и интегритет, како и во спротивност на јавниот интерес, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро сметка, обвинетиот набавил четири моторни возила, со што прибавил имотна корист за носителот на јавната набавка. За Мерко во струшкиот суд активни се уште два други предмети, за поставување на директори во четири основни училишта во струшко. Тој веќе една година е на американстаа црна листа и е прогласен за Персона нон грата на Стејт департментот на САД./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button