ВЕСТИЗДРАВСТВО

Одговорност за случајот со новороденчето од Ресен ќе утврдува комисија на МЗ

Министерството за здравство ќе формира комисија која ќе треба да утврди дали имало пропусти во лекувањето на родилката и новороденчето од Ресен кое минатата недела почина 30 часа по породувањето.

По барањето на Државниот санитарен и здравствен инспекорат, денеска министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за медиумите рече дека ваква комисија ќе се формира.

„Мора да направиме штом Испекторатот така мисли. Денес добив краток брифинг и за тоа. Ќе направиме комисија и веднаш да излезат и да констатираат што се случило“, изјави Таравари кој по преземањето на функцијата ги посети хируршките клиники во Скопје.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот вонреден надзор соопшти дека ќе иницира формирање комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување. Како што информираа денеска оттаму вонреден инспекциски надзор бил извршен на 20 јуни во битолската Болница, на Клиниката за детски болести во Скопје и во приватната здравствена установа „Д-р Тони“ во Битола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button