ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОДИХР ќе ги презентира наодите за вториот круг од локалните избори

Меѓународните набљудувачи на ОДИХР на локалните избори во Северна Македонија денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе ги презентираат своите наоди по вториот круг од локалните избори во Северна Македонија. На прес конференцијата ќе зборуваат Тана де Зулуета, шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР и Штефан Краузе, заменик-шеф на мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР. Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, во вториот круг, ја сочинуваа 23 набљудувачи од 13 земји. Поради барањата за социјално дистанцирање, само ограничен број новинари можат лично да присуствуваат на денешната прес-конференција која исто така ќе може да се следи преку Зум.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button