
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски одбележа важен момент откако настапи на тринаесеттиот маратон во неговата богата кариера.
Ивановски го освои 13. место на последниот настап во Белгија, а со тоа уште повеќе го збогати своето резиме и сега зад себе има пет учества на скопскиот маратон и по еднаш на маратоните во Париз, Севиља, Валенсија, Копенхаген, Минхен, Ротердам и Тирана.
На трката во Белгија, Ивановски истрча време од два часа, 14 минути и две секунди, а победник беше Илијас Ауани од Италија. Нашиот атлетичар ја претставуваше Македонија и на Олимписките игри во Париз минатата година, а воедно е и апсолутен рекордер помеѓу сите атлетичари во историјата на нашата земја.