Одложен самитот на лидерите на ЕУ, претседателот на Европскиот совет мора во карантин!

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел е во карантин поради близок контакт со лице заразено со коронавирус.
Мишел строго се придржува до пропишаниот протокол, објавено е во Брисел.
Претходно, од канцеларијата на претседателот на Европскиот совет беше објавено дека Мишел е во близок контакт со службеник за безбедност, кој бил позитивен на вирусот Ковид 19.
Дипломатски извори во Брисел наведуваат дека Шарл Мишел бил во близок контакт со службеникот за безбедност возејќи во истиот автомобил.
Портпарол на Мишел вели дека претседателот на Европскиот совет последен пат бил тестиран на Ковид 19 во понеделникот кога резултатите биле негативни и дека сега се чека втор тест.
Самитот на лидерите на ЕУ е одложен за 1 и 2 октомври.
Кабинетот на Шарл Мишел не сакаше да дава изјави во врска со можниот ризик на кој беа изложени премиерот на Грција Мицотакис и претседателот на Кипар Анастасијадес, со кои Мишел се состана претходните денови.