Одложен увидот за пожарот во кумановскиот суд

Противпожарна стража ќе има во текот на целиот ден пред кумановскиот суд, информираа денеска надлежните. Мирис на чад се уште се чувствува околу судот. Освен противпожарна екипа на терен се и претставници од МВР, од судот, обвинителство. Увидот е одложен, поради укажувањата на противпожарната единица, соопшти шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу Рамадани во изјавата за МИА.
– Увидот е одложен поради укажувањата на командирот на ТППЕ Куманово кој ни објасни дека не е безбедно и дека ќе има пожарна стража до утре. Останува утре да се изврши увидот, доколку се обезбедат сите услови, изјави Бедиу Рамадани.
Покрај Рамадани, во увидот ќе учествува и дежурен обвинител од ОЈО Куманово, вишото обвинителство организирало да дојде и обвинител од Скопје за да се одбегне судир на интереси, бидејќи кумановското обвинителство е сместено во истата зграда. Ќе учествуваат и екипи од СВР Куманово, кримтехника, инспектор за пожари и вешто лице електроинженер. Како што соопшти, увидот ќе го врши таа, дежурен обвинител.