ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одложена одлуката на Врховен за случајот „Алфа“

Отсуството на судијката Анита Бошковска (од здравствени причини) доведе до одложување на судската седница за случајот „Алфа“ на која се очекуваше одлуката против обвинетиот Алмир Дрплјанин, што може да отвори пат за повторно судење. На рочиштето не се појави обвинителот Бодан Лазаревски, кој замина во пензија на 13 ноември, поради што републичкото обвинителство треба да делегира друг претставник. Она што беше забележано денеска на седницата е новото судска тело на чело со судијата Џемали Саити. Заедно со него, советот го сочинуваат судиите Шпенд Деваја, Елица Крстевска, Мирјана Лазаревска и Анита Бошковска. Членови на семејството на обвинетите велат дека судовите 15 години го одолговлекуваат овој случај за да не се разреши.

Advertisements

„Со оглед на тоа што имаме супер вештачење веќе 21 месец, Апелациониот суд го одложува 16 месеци, а Врховниот суд го одолговлекува предметот за Алмир цели 5 месеци, немам повеќе коментар. Го очекував како голем ден, но всушност испадна мал ден, како 15 години по ред“, вели Рамиз Даути, поранешен уапсен во случајот „Алфа“.

Адвокатот на Алмир Дрплјанин, Асмир Алиспахиќ верува дека новото судско тело ќе донесе правилна одлука.

На 26 ноември ќе се навршат 15 години од убиството пред Природно-математичкиот факултет во Скопје, за кое на доживотен затвор беа осудени: Реџаил Ќерими (сега починат), Агим Ислами и Алмир Дрплјанин. Вториот е осуден во отсуство и со посебна постапка од Ислами и Ќерими. И покрај тоа што одбраната има подготвено супер вештачење во кое е утврдено дека обвинетите во овој случај не се лицата кои го извршиле убиството на полицаецот во 2008 година, Кривичниот суд оцени дека за повторно судење, потребно е комплетирање на предметот. Но, случајот би отишол на повторно судење само доколку Врховниот суд одлучи дека на Дрплјанин треба повторно да се суди.

За случајот „Алфа“имаше и политички ветувања во изборни кампањи и партиски програми.Следното рочиште е закажано за 25 декември во 10:00 часот, а дотогаш Обвинителството треба да определи нов обвинител, и судот да го разгледа приговорот на одбраната на Дрплјанин за должината на казната.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button