ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Одложена расправата за законот за работните односи

Со законските измени, група пратеници од власта, предлага прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.
Измените се носат за да може „Бехтел и Енка“ побрзо да ги градат автопатите, но остана нејасно дали во договорот владата има преземена обврска да се исплатат 53 милиони евра доколку законот не се промени во рок од 45 дена од потпишувањето…