ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Одложена средбата Пендаровски – Радев

Претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев и покрај најавата, сè уште не седнаа на заедничка маса. Пендаровски кон крајот на јануари изјави дека ќе ја посети Софија за „не повеќе од еден месец“, додавајќи дека негов став е оти претседателите треба да дадатпозитивен придонес за успешно завршување на преговарачкиот процес зашто тоа е стратегиски интерес на двете држави.
„Посетата на претседателот Пендарвоски на Софија е одложена во координација со бугарската страна“, информираат за Алсат од Кабинетот на шефот на државата.
Од Вила Водно нагласуваат дека останува планот за средба во идниот период, но без да прецизираат кога.