ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Одложено првото рочиште за нападот на Пендиков

Првото рочиште за нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, се одложи. Одбраната реагираше дека ги нема сите докази за да може да се подготви за одбрана на клиентот. Истовремено, адвокатот на првообвинетиот оцени дека случајот има добиено политичка конотација.
Полномошникот на Пендиков, адвокат Стефан Камишевски, рече дека неговиот клиент не можел да дојде оти се лекувал. Не можел да патува и тешко зборувал. Тој рече дека не ја знае ниту адресата каде што престојува Пендиков.
Следното рочиште е закажано за 5 април.