ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Одложено рочиштето од судскиот процес за случајот Пендиков

Одложено е денешното судското рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води во врска со нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид.
Причина за неодржувањето е штрајкот на вработените во судската администрација, кои и денеска протестираат пред судската зграда.
Инаку, во судницата беа присутни и оштетениот Пендиков и првообвинетиот во предметот Илија Спасески.
Следното судско рочиште по предметот е закажано за 26 октомври.
Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје.