МАКЕДОНИЈА

Одложувањето на почетокот на второто полугодие нема да влијае врз реализација на наставната програма, смета министерот Шаќири

По одлуката на Владата за одложување на почетокот на второто полугодие, министерот за образование Јетон Шаќири изјави дека продолжениот зимски распуст нема да влијае на реализацијата на целата наставна програма и навремено завршување на учебната 2021-22 година.

„За адаптација на наставните програми веќе сме во координација со Бирото за развој на образованието со кое утре ќе имаме средба. Одлуката е донесена во интерес на заштита на здравјето на учениците, во заштита на здравјето на наставниците и родителите, врз основа на оценките на здравствените власти во земјава и според состојбата во која се наоѓаме, во екот на епидемијата“, рече Јетон Шаќири, министер за образование.

Шаќири побара од директорите на училиштата да ги искористат овие дополнителни денови за одмор за да обезбедат доволно топлина во училишните згради. Комисијата за заразни болести вчера препорача учениците да се вратат на настава на 20 јануари, Владата одлучи поинаку, по седницата на кризниот штаб. Во меѓувреме, експертите проценуваат дека второто полугодие треба да започне со физичко присуство и без обврска за носење маски.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button